Додека некој нема ниту една, Израел купува нови 36 милиони вакцини за резерва
Треба да бидеме подготвени за најлошото сценарио. А тоа е да мора да ги вакцинираме луѓето на секои шест месеци - рече Нетанјаху.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сака да купи уште 36 милиони дози вакцина против ковид-19, тројно повеќе од веќе купениот број, во случај да биде потребна ревакцинација подоцна во текот на годината, објави „Ројтерс“.
Нетанјаху ја направи најбрзата израелска програма за вакцинирање во светот и ја истакна својата лична улога во обезбедувањето доволно дози, еден од најважните аргументи во неговата изборна кампања на 23-ти март.
Научниците не ја исклучуваат можноста дека е потребна редовна реимунизација за справување со варијантите на коронавирусот. Во контекст на претстојните избори, Нетанјаху сподели на Твитер изјава на водечки претставник на неговата партија „Ликуд“ дека луѓето треба да се обратат до „докажаното раководство“ на премиерот за да обезбедат „милиони“ нови дози во иднина.
– Работиме на обезбедување нови 36 милиони дополнителни вакцини за израелските граѓани. Никој не знае колку долго (имунитет) имаме од овие вакцини. Треба да бидеме подготвени за најлошото сценарио. А тоа е да мора да ги вакцинираме луѓето на секои шест месеци – рече Нетанјаху.
Тоа би значело дури 36 милиони дози во текот на следната година ако на сите 9 милиони Израелци треба да им се дадат две дози на секои шест месеци, рече тој.