Додека манекенката го лаже светот дека е во среќен брак, сопругот го тврди спротивното ФОТО

1,566

Рагбистот Том Брејди и сопруг на супермоделот Жизел Бундшен изјавил дека неговата сопруга не е задоволна од нивниот однос и дека предложила да побараат помош во брачно советувалиште за „со голем труд повторно да го пронајдат балансот во врската“.

Гостувајќи во емисијата на Хауард Стерн во средата, Брејди открил детали поврзани за неговиот брак со бразилската убавица, меѓу кои и тој дека Жизел веќе две години не е среќна во бракот.






– Пред неколку години беше незадоволна бидејќи сметаше дека не го извршувам својот дел од работата поврзан со семејството. Тврдеше дека единственото нешто што мене ме интересира е спортот, дека никогаш не сум присутен и дека грижата за домот, децата и семејството паѓа на нејзин товар. Јас не обрнував големо внимание на тоа и кога одев на тренинг или припреми, постојано ме прашуваше: „Добро, кога ќе ги завршиш работите по дома?“ или „Кога ќе ги одведеш децата на училиште?“ – изјавил Том.

Познатиот спортист додал и дека морал да се освести дека постои проблем и да признае дека во бракот постојат работи поради кои мора да се преиспита себеси. Тогаш одлучил дека семејството е на прво место и дека мора да направи поинакви приоритети, а тоа резултирало со напуштање на рагби теренот.

Откако поради семејството го напуштил професионалното занимавање со спорт, Брејди се чувствувал незадоволно и ѝ замерувал на Жизел поради таа одлука, но до точка на вриење дошло кога сопругата му напишала писмо во кое му соопштила како се чувствува во нивниот брак.

– Ми напиша писмо кое го чувам и постојано го читам, во кое, меѓу другото, ми кажа дека она што било добро и што функционирало пред 10 години, повеќе не може да функционира бидејќи сме тргнале по различни патишта – додал Брејди, велејќи дека писмото е тешко и срцепарателно.

Жизел и Том се венчаа во 2009 година и имаат две деца.

 

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) on

Поврзани содржини