ДОДЕКА МАМА ПЕЕШЕ ДЕЦАТА БЕА ПРИДРУЖНИ ВОКАЛИ И ТАНЧЕРИ На настапот на Елена Петреска се потврди онаа – „круша под круша паѓа“ (ВИДЕО)

На настапот на Елена Петреска во рамките на големиот новогодишен базар на катната гаража во Сити Мол, вниманието од бината на која пееше Елена ни го одвлекоа нејзините деца Михаел и Софиа кои ѝ даваа сесрдна поддршка и со глас и со ритам. Тука беше и гордиот тато Андреј кој не одолеа а да не ги сними најголемите фанови на Елена

558

На катната гаржа од трговскиот центар Сити мол, почнувајќи од 8 декември, па сѐ до 15 јануари трае новогодишниот базар. Лизгалиште, џиновски новогодишен лампион за фотографирање, голема новогодишна елка, варено вино, чај со рум, големи шарени лижалки и бина на која настапуваат голем број музичари.

Ние се најдовме таму во петокот, кога настапува Елена Петреска. Се разбира, кога настапува Елена веднаш се создава фантастична рок атмосфера.






Повеќе за ова, како и видеото можете да ги видите на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини