ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА СЕ БОРИ СО АНТИВАКСЕРИТЕ Хрватска вакцинираше половина од населението

Постигнавме 50 проценти вакцинирано возрасно население. Благодарност за сите што се дел од оваа позитивна статистика и на луѓето на терен што ги направија вакцините максимално достапни, напиша хрватскиот министер за здравство.

1,552

Половина од полнолетните Хрвати се веќе целосно вакцинирани до денеска, додека во Загреб процентот се движи до 58 отсто, објаснува министерот за здравство Вили Берош, во своја Твитер објава утринава.

„Постигнавме 50 проценти вакцинирано возрасно население. Благодарност за сите што се дел од оваа позитивна статистика и на луѓето на терен што ги направија вакцините максимално достапни. Втората фаза од борбата против коронавирусот е пред нас. Изберете наука и искуство“, напиша Берош.






Додека во Македонија овој процент не изнесува одвај над 25 отсто, во Хрватска оваа бројка во моментот изнесува 53,5 проценти.

 

Поврзани содржини