ДОДЕКА ИРАН ГОРИ, УКРАИНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЗАБОРАВЕНА Директна порака од Калас за надворешната политика на ЕУ

ЕУ предупредува: конфликтот на Блискиот Исток не смее да ја засени војната во Украина.

128

Додека светот ја следи ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, Украина не смее да се „исфрли“ од меѓународната агенда, предупреди денеска шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас.

– Војната на Блискиот Исток се шири брзо – изјави Калас на прес-конференција по неформалниот министерски состанок на Советот на земјите од Балтичкото Море во Варшава, заедно со полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски.






Таа го обвини Иран дека сака „да сее хаос и да го запали регионот со неселективни напади врз своите соседи“.

Калас истакна дека министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе се сретнат со колегите од Советот за соработка во Заливот за да разговараат за ситуацијата и можните следни чекори.

Таа, исто така, нагласи дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да пренасочи важни воени ресурси од Киев, посебно системите за воздушна одбрана, кои се веќе во недостиг кај западните сојузници.

– Додека светот е фокусиран на војната на Блискиот Исток, не смееме да дозволиме Украина да исчезне од агендата. Москва можеби изгуби уште еден сојузник во Техеран, но истите дронови што го напаѓаат Дубаи го напаѓаат и Киев – предупреди Калас.

Поврзани содржини