ДОДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДАВАА ОТЧЕТ Данела најави реконструкција на 36 моста

586

Град Скопје во соработка со јавното претпријатие „Улици и патишта“ отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

Оваа вест ја соопшти прес-службата на Град Скопје, речиси во исто време додека градоналниците избрани со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ даваа отчет за сработеното во текот на првата година од мандатот.






Град Скопје наведе дека дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, со што значително ќе се придонесе за зголемување безбедноста.

„Отпочнуваме со системско следење на надлежностите, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување“, велат од Град Скопје.

Поврзани содржини