Скопјанец во полициското одделение Маврово вчера попладне пријавил дека при искачување на врвот Махија Маде на планината Кораб каде учествувале четиринаесет планинари, во еден момент М.П.(32) од Скопје, се лизнала и паднала од карпа.
„Со помош на другите планинари се спуштиле до с.Грекај и со медицинско возило од Медицински Центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар“, информираат од СВР Тетово.
Лекар констатирал телесни повреди.