ДОДЕКА ГО БОДРЕШЕ НОВАК НА ТРИБИНИТЕ Српските медиуми пишуваат за детаљот на раката на Јелена Ѓоковиќ (ФОТО)

Српските медиуми објавија детаљ што некои гледачи го забележале на раката на Јелена додека од трибините го бодрела својот сопруг.

2,086

Новак Ѓоковиќ славеше во Торино во мечот од првото коло на завршниот Мастерс победувајќи го Стефанос Циципас, а неговата сопруга Јелена цело време во текот на мечот го бодреше од публиката.

Набргу по победата на Ноле, српските медиуми објавија детаљ што некои гледачи го забележале на раката на Јелена додека таа аплаудирала од трибините.






Имено, Јелена имала црвен конец на раката, а како што пишува „Мондо“, овој моден додаток има долга традиција во Србија. Се вели дека конецот наводно служи како „заштита од уроци“, а ова верување е исто така врежано и кај поединци во култури и религии како што се будизмот, хиндуизмот и јудаизмот.

 

Кај Хиндусите, свештениците врзуваат црвен конец за рацете на верниците за време на молитвата. За мажи и мажени жени се става на десната рака, а за девојчињата на левата рака. Некои луѓе веруваат дека конецот ја засилува моќта на молитвата и придонесува за духовно воздигнување и дека има лековити својства.

Потеклото на ова верување најверојатно лежи во фактот дека луѓето порано ги лечеле болните места со загревање, најчесто со волна. На болните места обвиткувале волнени парчиња, па на тој начин ги лекувале болките во грбот, во забот и главоболката.

Меѓутоа, некои луѓе носат црвен конец на раката затоа што им е убав, не затоа што се суеверни, но Јелена за ова не се огласи ниту откри за што се работи во нејзиниот случај.

ФОТО: Твитер

 

Поврзани содржини