Милиони обожаватели на серијата „Сексот и градот“ се разочарани поради тоа што Саманта Џонс ја нема во новото продолжение на серијата насловено „And just like that…“.
Актерката Ким Катрал, како што одамна е познато, одби да учествува во продолжението и не крие дека е во лоши односи со Сара Џесика Паркер и со остатокот од продукцијата.
Нејзиниот инстаграм-профил деновиве е преплавен од љубителите на серијата со најразлични коментари. Многумина се разочарани поради тоа што таа повеќе не е во тимот, додека други веруваат дека ја донела вистинската одлука бидејќи, според нив, новата серија е лоша. Но, тоа го велат нејзините обожаватели.
Катрал не се огласуваше за новата серија, иако „лајкнуваше“ неколку објави на Твитер кои ја поддржаа.
Актерката, пак, им се јавила на обожавателите на Инстаграм. Последните денови Катрал објавува фотографии од Италија. Судејќи по фотографиите, таа е одлично расположена и зафатена.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм