Додека другите затвораат Безос се богати и вработува
Богатството на Безос сега е проценето на 138 милијарди долари.
Џеф Безос, основач и шеф на „Амазон“, заработи 24 милијарди долари од почетокот на годината. Со растот на онлајн купувањето поради на пандемијата на коронавирусот акциите на компанијата „Амазон“ пораснаа за 5,3 отсто. Безос во компанијата поседува 11 отсто од нив.
Богатството на Безос сега е проценето на 138 милијарди долари.
„Амазон“ е една од компаниите кои профитираа од онлајн тргувањето. Компанијата во периодот на пандемијата ангажираше илјадници нови работници за да може да одговори на зголемениот обем на нарачки.