Додека чекале ред за концерт на Флорида – двајца загинаа, повеќе од 20 се ранети
На местото на нападот запрел џип „нисан“ од кој излегле три лица и почнале да пукаат во толпата која се собрала за да проследи концерт.
Две лица се убиени и повеќе од лица се 20 ранети во напад во клуб во Хајалија во американската држава Флорида, објави на Твитер шефот на полицијата во округот Мајами-Дејд, Алфредо Рамирес.
– Уште еден акт на насилство во кој е употребено огнено оружје и ранети над 20 лица, две се убиени – објави тој.
Рамирес додаде дека станува збор за организиран напад.
На местото на нападот запрел џип „нисан“ од кој излегле три лица и почнале да пукаат во толпата која се собрала за да проследи концерт.