ДОЦНИ ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ По првичното одложување од 15 минути, дуелот Реал Мадрид-Ливерпул ќе почне во 21.30 часот
На десетина минути пред стартот предвиден во 21:00 часот, не е исполнет ниту половина од капацитетот на трибините, па поради тоа, УЕФА првично го одложи финалето за 15 минути.
Големото финале во Лигата на шампионите ќе започне со најмалки 30-минутно задоцнување, откако УЕФА и официјално објави дека е приморана да преземе такви активности поради безбедност на фановите.
Големиот хаос пред Стад де Франс, бесните навивачи и големите толпи и редици направиле огромен неред, поради што официјалните лица не можеле да се справат во предвидениот термин и поради безбедност е презакажан стартот.
На десетина минути пред стартот предвиден во 21:00 часот, не е исполнет ниту половина од капацитетот на трибините, па поради тоа, УЕФА првично го одложи финалето за 15 минути.
Веќе видовме како автобусот на Ливерпул „заглави“ во метежот на улиците во Париз, па после најновите информации, може слободно да се заклучи дека градот и УЕФА потфрлија со организацијата на ова финале.
View this post on Instagram