🎥 ДОБРОВЕЧЕР И ЛЕКА НОЌ Калиопи ја промовираше новата песна и веќе има хит
Калиопи во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро вече и лаку ноч” (Добровечер и лека ноќ). Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е повторно Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг и проверен партнер
Пејачката Калиопи промовира нова песна, а фановите и публиката веќе го прогласија за нов хит!
Калиопи ја претстави својата нова песна со наслов „Добро вече и лаку ноч” (Добровечер и лека ноќ) во Белград.
Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е повторно Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг и проверен партнер за правење хитови.
Да ве потсетиме дека 2024 година беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи.
На почетокот на годината, со Ромео Грил го издаде новиот албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран кон крајот на мај со четири нови видеа. На овој начин, тие одбележаа и 40 години заедничка соработка.
Новата песна „Добро вече и лаку ноч“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски – Принц, може да се погледне на нејзиниот YouTube канал: