Добро утро, блефери!
Венко друже, дај бе доста е од оваа глупава реактивност. Доста е од популизам. Доста е од фолирање. И од овие шашми и фраерлуци... На СДСМ навистина му е потребен еден голем гејм чејнџ. Ама прво на Бихаќка.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во време на криза, веројатно ќе се случи гејм овер“.
Рекол Венко Филипче.
Коцкарот? Гејмерот?
Не бре, докторот Венко Филипче.
Кај ли ги учат овие изрази, мајку му стара!
По коцкарници? Во играчници? На комар?
Кај кого ли е пикслата?
Кај Заев ќе е. Нормално.
Само, да си кажеме право, на Заев некако му лежеше тој коцкарски стил. И речник.
Сите оние шашави блефови.
Се сеќавате, нели?
И кога сите знаеја дека неговиот бенкрол (коцкарски буџет) е одамна потрошен, а бетинг лимитот крајно ограничен, на Заев некако му личеше да се курчи.
Да викне – гејм чејнџ!
Одиме – ол ин!
Ол ин, мајчина му…
Кога Достоевски го напишал својот славен роман „Коцкар“, инспириран од сопствената зависност од коцкање и од големите нкоцкарски долгови, Заев не бил роден. Да биле современици, рускиот класик не би се мачел да пишува, едноставно би го викнал македонскиот класик за да го спаси.
Ко што ја спаси Македонија, за малку…
Сакам да кажам, Заев беше некако нејчурал. Сабајле ол ин, попладне гејм чејнџ. Абе не можеш да го фатиш ни за глава ни за опашка.
Ама и таков на крајот изгуби сѐ…
Зашто во коцката добивката е исклучок, а губитокот – правило.
Ако СДСМ некогаш умееше чат-пат нешто и да добие на блеф, Филипче сега може само да сонува за добивка.
И затоа, изгледа толку патетично кога Мицкоски го подига влогот, а Филипче, наместо да каже чип, или даље, вреска – кол!
Па уште и он го подига влогот – рејс!
Одозгора на тога и курчои – гејм овер со Мицкоски!
Нема кој братски да го посоветува – што се курчиш кога не знаеш да леташ?
Венко друже, дај бе доста е од оваа глупава реактивност. Доста е од популизам. Доста е од фолирање. И од овие шашми и фраерлуци…
На СДСМ навистина му е потребен еден голем гејм чејнџ. Ама прво на Бихаќка.
Зашто, политиката не е коцка, докторе.
Прашај го другар ти Заев, он ќе ти каже. Тебе нема да те блефира.
Ваљда…