ДОБРО ШТО ВЛЕГОВМЕ ВО АВГАНИСТАН Џорџ Буш се сеќава на нападот од 11 септември ВИДЕО
Немало други напади во Америка (освен 11 септември). Да им дозволиме на историчарите да разгледаат сè. Само ќе го кажам ова – се чувствувам добро за одлуката што ја донесов, рече Џорџ Буш, 20 години по завршувањето на најдолгата војна во историјата на САД.
Девет дена пред кобниот 11 септември, кога Ал Каеда ги сруши Кулите близначки, а Американците возвратија и веднаш влегоа во Авганистан, поранешниот претседател Џорџ Буш се присеќава: „Се чувствувам добро за таа одлука“, пренесува Јутарни. Дваесет години подоцна, после 2.996 починати Американци во Светскиот трговски центар и 2.800 убиени американски војници, дали САД конечно ја научија лекцијата?
Одговорот можеби ќе ни го даде новиот документарец наречен „9/11: Внатре во воената соба на претседателот“. Филмот веќе се прикажуваше на Би-Би-Си, а во него Буш воопшто не жали за својата одлука да војува со талибанците.
Видете го разговорот со Џорџ Буш.
– Донесов тогаш големи одлуки, како што беше вклучувањето на Америка во војната. Сите овие одлуки не беа донесени од гнев, тие беа донесени со цел да се заштити американскиот народ. И мислам дека тоа беше добра одлука – рече Буш.
Нападот на Кулите е единствениот напад на друга земја врз САД
На прашањето дали мисли дека неговите постапки по 11 септември го направија светот побезбедно место, тој кратко одговори: „Немало други напади во Америка. Да им дозволиме на историчарите да разгледаат сè. Само ќе го кажам ова – се чувствувам добро за одлуката што ја донесов.“
Потоа Буш се сети на 11 септември 2001 година.
– Отпрвин мислев дека пилотот направил грешка. Во тоа време не можев ни да замислам друга причина, освен дека се работи за несреќен случај – изјави Буш, кој подоцна го посети основното училиште „Ема Е. Букер“ во Флорида.
„Ја добив веста додека бев во училиште“
– Извештајот на ЦИА тоа утро не посочи на ништо спорно. Се облеков и Мајк Морел ме информираше за сè, а тој инаку имаше добро знаење и можеше да ги процени работите. Не се зборуваше за тероризам. Бев фокусиран првенствено на ситуацијата во Газа и Западниот брег. Состанокот заврши во 8.30 часот и се упатив кон училиштето – рече Буш.
Потоа, членовите на администрацијата слушнале на радио дека потпретседателката Кондолиза Рајс чека безбедна линија за да разговара со претседателот кога ќе дојде во училиштето.
Додека зборувал пред студентите, Буш добил информација дека авионот удрил во друга кула. Америка беше нападната.
Претседателот веднаш се качил во авион, но потоа се расчуло дека и неговиот авион може да биде мета на напад.
Планиран бил напад врз авионот на Буш?
Добивме повик на кој пишуваше „Ангел е следниот“, а „Ангел“ беше кодното име за „Ер Форс 1“. Тоа беше чудно, затоа што само членовите на администрацијата на Буш знаеја за кодното име на авионот.
Сите во близина на претседателот беа ужаснати.
Тајниот агент Дејв Вилкинсон се сеќава: „Откако дознавме дека претседателот е на мета, не сакавме да ризикуваме. Го зедовме целото оружје, и веруваме дека направивме сè што можевме – но никогаш не знаете.
„Ги замоливме агентите да дојдат на фронтот и да застанат во близина на кабината на претседателот и да се осигураат дека никој не може да дојде пред авионот. Дури и на највисоките членови на персоналот во Белата куќа не им беше дозволено да се качат горе, освен ако не бидат поканети од претседателот“ – вели Вилкинсон.
Буш е против заминувањето на Бајден од Авганистан
Претходно месецов, Џорџ Буш и поранешната прва дама Лора, изразија длабоко жалење за сè што се случува во Авганистан – за луѓето што страдаат и за Американците и сојузниците кои жртвуваа толку многу.
Буш го критикуваше планот за повлекување на САД од Авганистан уште минатиот месец, предупредувајќи дека цивилите ќе бидат препуштени на бруталните талибанци и дека жените и девојките ќе се соочат со „незамислива штета“.
– Мислам на сите што им помагаа на трупите на НАТО и ми се чини дека ќе ги оставиме да бидат заклани од овие брутални луѓе. Тоа ми го крши срцето – рече тогаш Буш.
Според последните процени, неколку стотици луѓе останаа во Авганистан по евакуацијата и не беа во можност да ја напуштат земјата.