ДОБРО, КАКВА КАТАНГА Е ОВА? Вршат превоз на ученици без лиценци, без дозволи и со технички неисправни автобуси!?

За само четири часа во акциска контрола полицијата отвки 21 автобус без технички преглед, еден превозник без лиценца и четворица возачи без возачка дозола!?

533

Еден превозник без лиценца и четворица без возачка дозвола се откриени при акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците – информира МВР. По акцијата се изречени 60 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, а 21 се упатени на вонреден технички преглед.

„Денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци. Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ – се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини