„ДОБРО Е ДА СЕ ВИДИ ДИМИТАР НАСМЕАН“ Помладиот Сорос вели дека Ковачевски ја има најтешка работа од сите премиери во Европа
Премиерот Ковачевски во Париз присуствуваше на шестото издание на Парискиот мировен форум, насловено „Потрага по заеднички јазик во свет на ривалство“.
Првиот човек на фондацијата „Отворено општество“, Александар Сорос на Фејсбук информираше дека имал средба со премиерот Ковачевски
„Добро е да се види Димитар Ковачевски во добро расположение и насмеан иако ја има една од најтешките работи од сите премиери во Европа“, напиша првиот човек на фондацијата „Отворено општество“, Александар Сорос за средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски во Париз присуствуваше на шестото издание на Парискиот мировен форум, насловено „Потрага по заеднички јазик во свет на ривалство“.
Ковачевски, во Елисејската палата, имаше и работна вечера со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, каде што се споделила определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот.