Просто језа ме фаќа кога гледам како провладините медиуми и коментатори се потепаа да ни ги пренесат ставовите и да ни ги егзалтираат двајцата Николетини. Tретиот, односно, првиот, знаеме беше пуштен да избега.
И сега гледаме како е тепачка да им се даде глас на Тодоров и на Поповски, двајца од најблиските соработници на Груевски и носители на режимот, денес рехабилитирани од СДСМ и од нивната клиентела, пошто корисни за создавање на раздор во ВМРО.
Но, тоа е старата политика која ја применуваа сите, а Груевски ја издигна до врвни граници.
Уствари, кога ќе видиш подобро, и денешната владејачка е една лоша збирштина од конвертити и опортунисти, зајакната со неформалната коалиција и колаборационизам со највлијателните остатоци на груевистичкиот режим.
И така, како и со Крсто и Бети и останатите амнестирани вратари, денес имаме: добри и лоши вмровци.
Или поточно, вмровци на владејачката партија и вмровци на опозицијата.
Па бирајте народе, таков избор ви е даден.
Евентуално од власта ќе сфатат дека толку се околу нив е вмровско, што повеќе сите овие поделби и разлики имаат изгубено смисла.
Кој во главите, кој во политиките, кој во амнестиите, сите тука се сведуваат на ВМРО.
Си мислеа на времето некои дека и Грујо е корисен во раздорот со Љубчо, па после видовме што монструм добивме.
Денес и тие првите дефенестрирани вмровци се дел од власта. Така што, кога ќе видиш, ВМРО е насекаде, не за џабе провладините коментатори само за нив зборат.
Им тлее во потствеста заразеноста.
(ФБ статус на авторот)