„ДОБРЕДОЈДЕ ВО ТВОЈОТ НОВ ДОМ“ Официјална промоција на Барди во Трабзон (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец во Трабзонспор доаѓа од редовите на Леванте за кого настапуваше од 2017 година.

167

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска и официјално беше промовиран како нов играч на турскиот шампион Трабзонспор.

Барди вчера ги помина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со Трабзонспор со кој ќе заработува 1,5 милиони евра по сезона, а турскиот тим денеска и официјално го претстави Македонецот како ново засилување за следната сезона.






Нашиот репрезентативец во турскиот тим ќе настапува со бројот 29.

Барди во Трабзонспор доаѓа од редовите на Леванте за кого настапуваше од 2017 година.

 

Поврзани содржини