ДОБРЕ НИ ДОЈДЕ ПРОЛЕТ Сезоната ќе трае 92 дена, денот ќе расте

Омиленото годишно време на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка ќе настапи есента.

399

Пристигна пролетта.

Омиленото годишно време на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната полутопка ќе настапи есента.






Астрономски, пролетта почнува со пролетната рамноденица — момент кога денот и ноќта се речиси еднакви насекаде на планетата. Тоа е точката кога Сонцето „ја преминува“ небесната рамнина на екваторот и од денес на северната хемисфера почнува да доминира светлината.

Пролетта ќе трае 92 дена.

Денот ќе расте до 21 јуни, кога календарски ќе почне летото. Со пролетта природата почнува да се буди, почнува нов циклус на раст, обновување и на движење.

Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.

Поврзани содржини