ДОБРАТА СТРАНА НА ВЛАДИМИР ПУТИН Рускиот лидер помилува 52 осуденички на Меѓународниот ден на жената

Амнестијата првенствено ги опфаќа жените со малолетни деца, трудниците и жените чии роднини се вклучени во специјалната воена операција“ - соопшти прес-службата на Кремљ.

407

Рускиот претседател Владимир Путин по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, потпиша указ за помилување на 52 осуденички, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

„При донесувањето на оваа одлука шефот на државата се водел од хуманитарни причини. Амнестијата првенствено ги опфаќа жените со малолетни деца, трудниците и жените чии роднини се вклучени во специјалната воена операција“ – соопшти прес-службата, пренесе ТАСС.






Правото на претседателот на Русија да помилува осуденици е запишано во член 89 од рускиот Устав. Рускиот закон предвидува и постапка за амнестија, која не е индивидуална.

Во 2023 година Путин зборуваше за опцијата за амнестија за одредени категории жени.

Поврзани содржини