Добра вест за имунитетот од ковид-19: Тие кои прележале, безбедни се барем 6 месеци
Ова се навистина добри вести бидејќи може да бидеме сигурни, дека барем во кус рок, повеќето од тие кои го преболеле ковид-19 нема повторно да се заразат – вели професор од Оксфорд и еден од авторите на истражувањето.
Мала е веројатноста дека луѓето кои прележале ковид-19 можат повторно да се заразат во периодот од 6 месеци по првата зараза, покажува британската студија спроведена на здравствените работници.
Истражувањето е доба вест за повеќе од 51 милон лиѓе кои се зараени со коронавирусот од почетокот на пандемијата, објавија научниците од Универзитетот Оксфорд, автор на студијата.
– Ова се навистина добри вести бидејќи може да бидеме сигурни, дека барем во кус рок, повеќето од тие кои го преболеле ковид-19 нема повторно да се заразат – вели професор од Оксфорд и еден од авторите на истражувањето.
Ретки случаи на повторна зараза создадоа загриженост дека имунитетот би можел да биде со краток рок и дека оздравените пациенти би можеле брзо повторно да се заразат. Но резултатите од ова истражување спроведено на здравствените работници изложени на коронавирусот, што ги прави високоризична група за зараза, покажува дека повторната зараза е екстремно ретка.
– Заразата со ковид-19 повеќето луѓе ги штити од повторна зараза најмалку шест месеци – нагласил професорот.
– Не пронајдовме нова симптоматска зараза ни кај еден испитаник кај кои се пронајдени натитела – додал тој.
Истражувањето траело 30 недели, помеѓу април и ноември годинава. Заклучоците се уште не се рецензирани од други научници.
Во текот на студијата 89 од вкупно 11.052 работници без антитела добиле коронавирус и симптоми, а тоа не се случило на ниту еден од 1246 на тие со антитела.
– Ќе продолжиме внимателно да ја следиме таа група работници да утврдиме колку имунитетот трае и дали претходната зараза влијае на тежината на болеста ако дојде до повторна зараза – најави професорот.