ДОБИВМЕ ЖОЛТ КАРТОН А ДАЛИ ЌЕ СТАНЕ ЦРВЕН Заев се обврза дека СДСМ ќе се менува и ќе ги слуша граѓаните ВИДЕО
Од понеделникот почнуваме со процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција со граѓаните. СДСМ слуша и му верува на народот. Од овој момент се менуваме за граѓаните, вети Заев.
Добивме жолт картон од граѓаните, а дали ќе стане црвен зависи од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас. Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена и казна. Тој глас го разбираме и уважуваме. Повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција.
Владејачката партија ги слуша луѓето и не гази врз нив, додаде Заев.
– Од понеделникот почнуваме со процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција со граѓаните. СДСМ слуша и му верува на народот. Од овој момент се менуваме за граѓаните. Добивме жолт картон од граѓаните, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали тој ќе стане црвен за секој од нас. Барам шанса за земјата и општеството. Барам да се обединиме и сплотиме, за Скопје и државата да не ни се вратат назад. Ќе станеме подостапни за граѓаните – вети Заев.
Тој упати благодарност до партнерите од владината коалиција кои, како што наведе, денеска во текот на целиот ден јасно порачаа дека остануваме заедно на демократскиот и европскиот пат и ги потврдија своите заложби држават да продолжи да се движи напред.
– Со чист образ сакам да побарам од вас да дадете шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат кон минатото. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Денеска се разобличија сите дезинформации кои ги слушавме претходните денови за наводни нови мнозинства. Денеска имаме јас потврда, имаме владино мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена – рече Заев.