📽️ ДОБИТНИЧКАТА НА ОСКАР ИМ ОДДАДЕ ПРИЗНАНИЕ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ „Ќе продолжам да ве поддржувам“
По добивањето на златната статуа, Мајки Медисон одржа многу интересен говор.
Добитничката на Оскар за најдобра актерка ги поддржа сексуал во говорот: „Ќе продолжам да ја поддржувам вашата заедница, ова е остварување на сонот“
Наградата за најдобра женска улога на овогодинешното 97. доделување на Оскарите ѝ се лизна од рацете на Деми Мур, но не и на младата Мајки Медисон.
Таа го освои својот прв Оскар за улогата во филмот „Анора“, а потоа одржа многу интересен говор.
„Пораснав во Лос Анџелес, но Холивуд отсекогаш изгледаше толку далеку. Благодарам на „Јуниверзал“, на моето семејство, на сестра ми, на мојот брат близнак. Ти благодарам што си мојот најдобар пријател. Благодарам на Шон Бејкер и на сите што работеа на филмот „Анора“. Сакам уште еднаш да ѝ оддадам признание на заедницата на сексуалните работници. Ќе продолжам да ја поддржувам вашата заедница. Ова е остварување на моите соништа – рекла Мајки Медисон на сцената на театарот „Долби“.
Како што рекла, имала голема трама, па ѝ било полесно да го прочита говорот од хартија што го подготвила во случај среќата да ѝ се насмевне. Мајки ја доби наградата благодарение на улогата во филмот „Анора“. Анора е млада сексуална работничка од Бруклин, која набргу по средбата се мажи за Вања, син на руски олигарх. Кога веста ќе стигне до Русија, родителите на младоженецот се упатуваат во Њујорк, решени да го поништат бракот.
Mikey Madison accepts her Best Actress award at the #Oscars pic.twitter.com/gverxIxtfP
— PopX is watching the #Oscars (@PopX) March 3, 2025