ДОБИТНИЧКАТА НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД Иранската активистка гладува во знак на протест
Наргес Мохамади протестира поради ограничувањата на медицинската нега за неа и за другите затвореници и обврската жените да носат хиџаб во Исламската Република, соопшти нејзиното семејство.
Годинешната добитничка на Нобеловата награда за мир, Наргес Махмади почна штрајк со глад во затворот во Иран. Иранската опозициска активистка гладува во знак на протест поради ограничувањата на медицинската нега за неа и за другите затвореници и обврската жените да носат хиџаб во Исламската Република, соопшти нејзиното семејство.
„Наргес Мохамади денеска преку порака од затворот Евин го извести своето семејство дека пред неколку часа почнала штрајк со глад. Загрижени сме за физичката состојба и здравјето на Наргес Мохамади“, се наведува во соопштението на нејзиното семејство – пренесе „Тајмс оф Израел“.