ДОБИЛ НАД 430.000 ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Обложувач заработи од падот на претседателот на Венецуела

Додека апсењето на Мадуро за многу Американци беше целосно изненадување, некои беа еден чекор понапред и заработија илјадници долари од тоа.

1,316

Некои обложувачи оствариле огромни профити од киднапирањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Додека апсењето на Мадуро за многу Американци беше целосно изненадување, некои беа еден чекор понапред и заработија илјадници долари од тоа.

Обложувањата повторно ги отвораат долгогодишните прашања за потенцијалното користење на внатрешни информации за профит. Од новоотворена сметка во петокот е вложено 30.000 долари за заминувањето на Мадуро. Откако Мадуро бил фатен во сабота наутро, а подоцна приведен во американски притвор, на обложувачот му биле исплатени 436.759 долари.






Обложувањата на прашањето „Мадуро во американски притвор до 31 јануари?“ нагло скокнаа околу 4:20 часот наутро по источно време во саботата, околу времето кога Трамп го објави апсењето. Помал пораст беше забележан и околу 3:00 часот наутро.

Пазарите за предвидување веќе забележаа значителни движења за време на политички конфликти, спортски настани и други големи настани, па затоа интересот на обложувалниците за апсењето на Мадуро не е ништо ново. Пазарите добија национално внимание по претседателските избори во САД во 2024 година, кога покажаа големо отстапување од проценките на политичките аналитичари.

Претставникот Ричи Торес, демократ од Њујорк, наводно ќе воведе закон што ќе ги ограничи федералните избрани функционери и некои политички актери да учествуваат во пазарите за предвидување.

Поврзани содржини