ДОБАР СОСТАНОК, АМА ПАТОТ ДО МИРОТ Е ДОЛГ Се сретнаа Трамп и Зеленски во Давос

Војната мора да престане. Се надеваме дека ќе заврши. Многу луѓе умираат. Само во минатиот месец загинаа 30.000 луѓе, претежно војници, изјави Трамп пред новинарите во Давос.

400

Средбата меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Давос заврши по околу еден час разговори зад затворени врати.

Двете страни го оценија состанокот како позитивен, но истакнаа дека сè уште има многу работа што треба да се направи пред крајот на војната во Украина.






Американскиот претседател по состанокот изјави дека војната мора да заврши, но дека сè уште има „долг пат пред нас“. Портпаролот на Володимир Зеленски изјави дека украинскиот претседател имал „добар состанок“ со Трамп.

– Војната мора да престане. Се надеваме дека ќе заврши. Многу луѓе умираат. Само во минатиот месец загинаа 30.000 луѓе, претежно војници – изјави Трамп пред новинарите во Давос.

Американскиот претседател не сакаше да ги открие деталите од разговорот со Зеленски, наведувајќи дека тоа е процес што сè уште е во тек.

Тој додаде дека за време на состанокот не разговарале за неговата меѓународна организација Одбор за мир, што беше основана денеска во Давос.

Претседателот Трамп додаде дека претставници на неговата администрација по состаноците во Давос ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, како дел од напорите за постигнување договор за прекин на огнот.

– Тоа е тековен процес. Сите сакаат војната да заврши – нагласи Трамп.

На прашањето дали е можен договор на краток рок, Трамп кратко одговори:

– Ќе видиме што ќе се случи.

По состанокот со Трамп, Зеленски одржа говор пред учесниците на Светскиот економски форум.

Поврзани содржини