ДОАЃААТ ПОДОБРИ ДЕНОВИ ВО ПРИЛЕП Мицкоски ги повика прилепчани да гласаат за докторот Борче Јовчески

Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески уште во првиот круг на 17 октомври, рече Мицкоски.

337

Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Затоа сме тука да им ја пренесеме нашата порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат, не треба да очајуваат, најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески. Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и за прилепчани. Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие даваат поддршка, апатијата која што владее низ цела Македонија е пресликана и овде во Прилеп – вели Мицкоски.






Поврзани содржини