ДОАЃА СТУДЕН БРАН До четврток температурите ќе паднат за 10 степени
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре и задутре ќе има повремен локален дожд. Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени. Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.