ДОАЃА СНЕЖНА БУРА НА БАЛКАНОТ На почетокот на април ќе имаме вистинско зимско време

110

Судејќи по она што го цртаат најновите ажурирања на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) сигурно е тоа дека од утре доаѓа вистинска снежна бура на Балканот, а најпогодени ќе бидат Босна и Хрватска каде што на планинските места ќе падне и до околу еден метар снег, а врнежи од снег ќе има и на помала надморска височина проследени со бурен ветер. Температурите нагло и значително ќе опаднат за повеќе од 10 степени па и за околу 15 степени, а сето ова катастрофално ќе се одрази врз овошките кои се во фаза на цветање.

-Барем од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, првата седмица од месец април ни носи многу поладно време од вообичаеното и исто така зимско време со чести врнежи од дожд, снег и снежна покривка. Врнежи од снег ќе има и во делови од градовите ширум регионот – вели метеопрогнозерот Славчо Поповски.






Кај нас во Македонија, вели тој,  исто така нè чека невообичаено ладно време за почетокот на април.

Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини