ДОАЃА СМРТТА НА СТАРТАПИТЕ Вештачката интелигенција ги убива бизнис-идеите, а ќе владее со светот наместо корпорациите!

Според Ненад Момчиловиќ пак, експерт за ВИ и поранешен директор за човечки ресурси од компанијата „Римац Аутомобили“ на контроверзниот Мате Римац (хрватскиот Илон Маск), главните центри на моќ воопшто не се државите, туку имаме нови господари, пишува Јутарни.

537

Масовната смрт на стартапите е во тек, се вели во неодамнешниот твит од Том Ловер, генерален партнер во ИВП, компанија кој инвестира во разни компании, а ги има поддржано Twitter, Snap, CrowdStrike, Datadog, Discord, Klarna, Slack.

„Оваа вест е главно игнорирана како фуснота во вестите. Не дозволувајте ова да ве измами. Пазарот се промени. Најавите за финансирање (стартапи) добиваат многу наслови. Но, стечајните побарувања …помалку“, вели Ловер во објавата.






Дали вештачката интелигенција(ВИ) ќе ги убие идеите за стартап-компании или пак пораката е друга – дека секоја идеја за бизнис ќе мора да ја има предвид ВИ?

Еурактив пишува дека „стапката на неуспех на старт-ап почнува да расте, од вештачки ниски нивоа во 2021 година, а може да има бран на неуспех во следната година, кога невообичаено голем број на почетни компании би можеле да згаснат“.

„Сега изворите на финансирање пресушија освен ако не сте стартап со вештачка интелигенција. Толку многу пари се собрани во последните години што стартапите имаат многу ресурси за опстанок. Но, во одреден момент, бизнисите кои се борат ќе останат без пари и никој нема да сака да ги финансира“, продолжува статијата во која се вели дека ова ќе предизвика продажба на средства, банкротии, евтини аквизиции…

Според Ненад Момчиловиќ пак, експерт за ВИ и поранешен директор за човечки ресурси од компанијата „Римац Аутомобили“ на контроверзниот Мате Римац (хрватскиот Илон Маск), главните центри на моќ воопшто не се државите, туку имаме нови господари, пишува Јутарни.

Тука тој мисли на „колонијализмот на вештачката интелигенција“, термин кој го смислија истражувачите од познатиот американски технолошки универзитет МИТ.

Накратко речено, велат истражувачите, тоа е модерен облик на геополитички натпревар во кој окупацијата на една земја не се врши со помош на армијата, туку преку апликации и програми, а тоа го вршат огромни технолошки корпорации.

Борбата на иднината нема да биде за територија, туку за наши податоци.

Момчиловиќ оценува дека помалите земји во светот, односно сите оние кои не развиваат ВИ како САД, Русија и Кина ова собирање информации ќе ги стави во подредена состојба

Тој дури вели и дека во одреден момент, кога системите ќе напредуваат на одредено ниво, можеби повеќе нема да им требаат нашите податоци.

Поврзани содржини