ДОАЃА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТЕКСТИЛЦИ Кинескиот текстилен гигант „Гуан Нан“ ќе гради фабрика во Србија
Групацијата поседува 6 индустриски паркови во Кина кои се произведува сè - од предиво до финални производи.
Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за текстилна индустрија во општина Кечао.
Групацијата поседува 6 индустриски паркови во Кина кои се произведува сè – од предиво до финални производи. Министерката нагласи дека е планирана изградба на таков парк во Србија, за чија изградба се потребни 100 хектари земјиште и квалификувана работна сила, што Србија, како што вели, ги има.
Претседателот на групацијата „Гуан Нан“ Цаи Шоќинг кој е и сопственик на компанијата рече е заинтересиран за инвестирање во Србија каде што би се реализирала неговата прва европска инвестиција.
– Мојата намера е да инвестирам во Србија, да изградам индустриски парк во областа на текстилната индустрија, каде што, покрај мене, ќе инвестираат и голем број силни компании од градот Шаоксинг и од други делови на Кина. Неколку пати ја посетив Србија и го ценам челичното пријателство меѓу двете земји, како и фактот дека Владата на Република Србија им дава целосна поддршка на кинеските инвеститори и сум сигурен дека оваа инвестиција ќе биде реализирана – рече тој.
Шокинг додаде дека неговата компанија досега инвестирала во многу земји од Југоисточна Азија и сега сака да го насочи својот фокус кон Србија, како европска земја чие пријателство многу го цени.