ДОАЃА ОСТАР ОДГОВОР ОД ЕУ НА ЦАРИНИТЕ ЗА ЧЕЛИК НА ТРАМП Ќе има цврсти и пропорционални контрамерки

ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи, наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25 % на увозот на челик и на алуминиум во САД. 

351

Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и на алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи – наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25% на увозот на челик и на алуминиум во САД.






Таа додаде дека царините се даноци, кои се лоши за бизнисот, полошо за потрошувачите и на кои ЕУ ќе одговори.

– Неоправданите царини кон ЕУ нема да останат без одговор – тие ќе предизвикаат цврсти и пропорционални контрамерки – потенцира Фон дер Лајен во објавата.

ЕУ ќе одговори цврсто и пропорционално на тарифите воведени од САД, изјави денеска и европскиот комесар за трговија и економска безбедност, Марош Шефчович, во говорот пред европратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

-Длабоко жалиме за ова, според нас тарифите се неоправдани – рече Шефчович.

Според него, тарифите… не се од корист за потрошувачите бидејќи ќе доведат до повисоки цени и зголемена инфлација.

– Сите губат од ова… Ги цениме најавените мерки, ќе одговориме цврсто и пропорционално – рече тој.

Подготвени сме за конструктивен дијалог, додаде еврокомесарот.

– Светот станува се покомплексен и непредвидлив, а предизвиците бараат меѓународна соработка заснована на правила. Светската трговска организација мора да биде во центарот на потрагата по решенија. На бизнисот му треба чесност и јасни правила. Ќе ги држиме отворени сите канали за комуникација. ЕУ е подготвена за сите предизвици што може да се појават во областа на трговијата. Кога е потребно, ќе ја браниме нашата отвореност, индустрија и единствен пазар – посочи еврокомесарот.

И германскиот канцелар Олаф Шолц, претходно најави дека ако САД воведат царини и не и остават на ЕУ „друг избор“, тогаш „Унија ќе реагира обединето“.

– На крајот, трговските војни секогаш ги чинат двете страни просперитет – додаде Шолц.

Американскиот претседател Доналд Трамп  одлучи да ги укине ослободувањата и бесцаринските квоти за царините за челик воведени во 2018 година, што значи дека царината за увозниот челик ќе биде најмалку 25%, а царините за алуминиум ги зголеми на 25% наместо досегашните 10%.

ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ЗА ЧЕЛИК И ЗА АЛУМИНИУМ Следат нови за автомобили, лекови и компјутерски чипови

 

Поврзани содржини