Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.
Од УХМР најавуваат температурата утре да достигне до 14 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Според тридневната прогноза на УКМТ, до четврток времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.