ДОАЃА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА Поскапеа нафтата за греење и мазутот

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (нафта за греење) се зголемува за 0,50 ден/лит. и таа ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,64 ден/кг и сега ќе изнесува 37,59 денари за килограм.

57

Нафтата за греење и мазутот од полноќ поскапуваат, а цената на бензините и дизелот остануваат исти, одлучи  Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

Според оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 22.09.2025 година.






Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (нафта за греење) се зголемува за 0,50 ден/лит. и таа ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,64 ден/кг и сега ќе изнесува 37,59 денари за килограм.

Цената на бензинот „еуросупер-95“останува 95, 75 денари за литар, на бензинот еуросупер-98“, 98 77 денари, а дизелот ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар.

Поврзани содржини