На 400 лица кои одбиваат самоизолација решенијата им се испратени по пошта, а вратени се 30тина и на сите на кои овие документи не им се доставени, за ден или два сите јавно ќе ги објавиме – одговори денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по прес-конференцијата.
Тој појасни дека листата која што е објавена од МВР не се однесува на лица со решенија за самоизолација туку на оние коишто не примиле решенија за прекршување за друга работа.
– За нашата активност голем број решенија од МВР, ДСЗИ ги исрати по пошта и се чекаат испратници од 400 решенија, а 3отина не се доставени. Ќе почекаме еден-два дена, и покрај најавата дека ќе се објават јавно, треба се им се овозможи согласно законот и доставување по пошта. А за тие што не можат ни по пошта да се најдат, ќе бидат јавно објавени! – изјави Филипче.