До јуни Кина ќе произведе вакцини за 40 отсто од населението

Производствените капацитети на земјата би можеле, исто така, да бидат доволни за до почетокот на 2022 година да се овозможи вакцинација на 70-80 отсто од 1,4 милијарди жители.

322

Кина има капацитети за производство на вакцини против ковид-19 кои би можеле да бидат доволни за снабдување дози за 40 отсто од населението до средината на оваа година, изјави директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Гау Фу.

Производствените капацитети на земјата би можеле, исто така, да бидат доволни за до почетокот на 2022 година да се овозможи вакцинација на 70-80 отсто од 1,4 милијарди жители.






– Таа можност постои – истакна Гау, додавајќи дека тоа е негова лична проценка како научник.

Во Кина до крајот на минатиот месец се дадени повеќе од 52 милиони дози. Одобрени се четири домашни вакцини.

Поврзани содржини