До средината на јули ќе се знае дали „Аја Софија“ ќе остане музеј

310

Највисокиот турски Управен суд го заврши сослушувањето дали истанбулската „Аја Софија“ треба да остане музеј или да се претвори во џамија, пренесе ДПА.

Писмената пресуда ќе биде објавена во рок од 15 дена, јавија  државните медиуми.






Судот ја разгледуваше петицијата од локалното здружение, во кое се повикуваше „Аја Софија“ повторно да се пренамени во џамија.

Поврзани содржини