ДО СРЕДА СЕВЕРЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК ЗАТОПЛУВАЊЕ Малку сонце, малку облаци, малку дожд

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

139

Времето утре ќе биде со студено утро, а преку денот сончево, со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.






Минималната температура ќе се спушти до минус 3 во Крива Паланка. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 20 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во текот на ноќта кон понеделник и во првите два дена од следната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.

Пораст на дневната температура се очекува од четврток.

Фото: УХМР
Поврзани содржини