ДО СКОРО БЕА ЗАГЛАВЕНИ ПРОЕКТИ, СЕГА ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДАТ Се работи на клучката кај Момин Поток и на улиците Љубљанска и Перо Наков

Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

402

Изминатава недела се работи со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување, информира градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Како што објави Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница, Скопје добива нов лик.






„На клучката кај Момин Поток се работи со полна пареа. На улицата Љубљанска, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на улицата Перо Наков во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини