ДО САБОТА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО Неделата ќе заврши со пороен дожд

До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, информираше УХМР.

892

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. На места повремено ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информираше УХМР.

„Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утре ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, а во четврток попладне нестабилно ќе биде на повеќе места. Особено топло ќе биде во петок и сабота, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, соопшти УХМР.






Поврзани содржини