ДО ПРВИ ЌЕ ИСПОРАЧАМЕ 70% ОД УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ Министерството вели дека дистрибуцијата почнала вчера

Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование, соопштува Министерството за образование и наука.

136

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.

„До крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70 oтсто од учебниците за овие одделенија. Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје“, велат од МОН и додаваат:






„Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование“, соопштува министерството.

„Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции континуирано ќе продолжи да вложува во нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес“, се вели во прогласот на МОН.

Поврзани содржини