До март Германија ќе ја контролира границата со Чешка и Австрија
Според портпаролот на Министерството за здравство, за 14 дена е продолжена оваа мерка, што стапи на сила во неделата, а предизвика критики и во Европа и во Германија.
Германија до почетокот на март ќе ги продолжи контролите на границите со Австрија и Чешка, со цел да се обиде да го спречи ширењето на епидемија на новите мутации на коронавирусот, соопшти денеска владата во Берлин.
Според портпаролот на Министерството за здравство, за 14 дена е продолжена оваа мерка, што стапи на сила во неделата, а предизвика критики и во Европа и во Германија.
Зголемените контроли, заедно со драстичните ограничувања на движењето, важат и за патниците од Јужна Африка, Велика Британија и Бразил, од каде потекнуваат различните нови мјутации на коронавирусот.
Германската Конфедерација на здруженијата на работодавачи (БДА) ги критикуваше граничните контроли затоа што се проценува дека влијаат врз економските активности и синџирите за снабдување.
Министерот за здравство, Јенс Шпан најави дека пред почетокот на мерките за олеснување, вклучувајќи го и повторното отворање на училиштата, планирано за 22 февруари, Германија воведува бесплатни тестови за антиген за ковид, како и автотестови што чинат само едно евро.
„Од 1 март сите граѓани мора да имаат можност за бесплатно тестирање, спроведено од персонал обучен за брзи антиген тестови. Сега има доволно од овие тестови на пазарот“, напиша германскиот здравствен министер на Твитер.
Антиген тестовите не се сметаат за сигурни како ПЦР тестовите. сд