ДО МАРТ 700.000 ЛУЃЕ МОЖЕ ДА ПОЧИНАТ ОД КОРОНА ВО ЕВРОПА „Екстремен стрес“ ќе донесе четвртиот ковид-бран

„Вкупните пријавени смртни случаи се предвидува да достигнат над 2,2 милиони до пролет следната година, врз основа на тековните трендови“, соопшти СЗО во вторникот.

562

И до 700.000 луѓе би можеле да починат од коронавирус во Европа и делови од Азија до март догодина, предвидува Светската здравствена организација, покрај сегашните 1,5 милион жртви од почетокот на пандемијата, пишува Би-Би-Си. Четвртиот бран ќе донесе „висок или екстремен стрес“ на одделенијата за интензивна нега во 49 земји.

„Вкупните пријавени смртни случаи се предвидува да достигнат над 2,2 милиони до пролет следната година, врз основа на тековните трендови“, соопшти СЗО во вторникот.






Австрија веќе се врати на локдаунот, а голем број земји, вклучително и Франција, Германија и Грција, наскоро би можеле да ја направат третата бустер доза задолжителна за своите граѓани. Истовремено, во неколку земји се појавија жестоки протести против новите ковид-мерки.

фото: pixabay.com

Холандија забележа неколку ноќни немири поради делумното заклучување. Само во Русија, дневниот број на загинати неодамна достигна 1.200.

Големиот број невакцинирани луѓе и распространетоста на делта-сојот во некои земји беа клучни фактори зад високите стапки на пренос во регионот на Европа, соопшти СЗО. За СЗО Израел и поранешните советски држави како Таџикистан и Узбекистан се исто така дело од европскиот регион.

Во целата европска слика отскокнува Велика Британија. Земјата целосно се отвори во средината на јули, а делови од Европа не го направија тоа до есента. Многу места ги задржаа построгите ограничувања.

Дел од ова беше поврзано со тајмингот. Обединетото Кралство многу порано од други земји беше погодено од алфа и делта-соевите, што значи дека и порано беше во позиција да почне да се отвора. Но, тоа беше и свесен избор поддржан од врвните владини научници во земјата, професорот Крис Вити и Сер Патрик Валанс.

Поврзани содржини