До лето 60 проценти од светското население ќе се стекне со имунитет на ковид-19
Од почетокот на пандемијата со ковид-19 во светот инфицирани се околу 105,8 милиони луѓе и регистрирани се околу 2,3 милиони смртни случаи.
Според пресметките на имунолозите до лето 60 отсто од жителите на Земјата ќе се стекнат со имунитет на ковид-19, што ќе овозможи во август да се вратиме на нормалниот живот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека имунитетот ќе биде стекнат по природен и по вештачки пат.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19 во светот инфицирани се околу 105,8 милиони луѓе и регистрирани се околу 2,3 милиони смртни случаи.