ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ ИМА ДОГОВОР СО САД ЗА ЦАРИНИТЕ Граѓаните нема да го почувствуваат трговскиот конфликт САД – ЕУ

Премиерот е оптимист дека преговорите со САД за царините се одвиваат во правилна насока.

91

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека не се завршени преговорите за царините со САД, но рече дека, ако САД и ЕУ не успеат да се усогласат околу тарифите, тоа ќе има влијание и на нас. Сепак, тој е сигурен, како што напомена, дека со јасна и концизна политика владата ќе успее да го одржи макроекономскиот баланс и стабилност и граѓаните тоа да не го почувствуваат.  

– Во процес на преговори сме со САД. Оптимист сум дека се движат во правилна насока. Очекувам во текот на оваа недела да имаме генерално развој на настаните во позитивна насока и фокусирани сме до крајот на овој месец да постигнеме договор што ќе значи повеќе за македонската економија и македонските граѓани – рече Мицкоски. 

Поврзани содржини