ДО КРАЈОТ НА МАНДАТОТ НЕВРАБОТЕНОСТА ЌЕ БИДЕ ПОД 10% Ковачевски ветува мерки

Охрабрени од резултатите на Оперативниот план за 2021 година во буџетот за оваа намена за 2022 година се обезбедени зголемени финансии, односно 1,73 милијарди денари.

738

До крајот на актуелниот мандат на Владата ќе биде постигната невработеност од под 10%, изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и со директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, го посетија претпријатието „Метал Декор Дизајн“, каде се сретнаа со основачот Игор Младеновски.

Младеновски го основал претпријатието благодарение на мерката за самовработување од Оперативниот план за вработување на Министерството за труд и социјална политика што ги спроведува Агенцијата за вработување. Премиерот Ковачевски во разговорот со Младеновски рече дека го радуваат посети на успешни бизнис проекти и храброста на луѓе кои го прифаќаат предизвикот да почнат сопствен бизнис, кои со тоа им даваат шанса и на други наши сограѓани со креирање нови работни места.






Игор Младеновски ја искористил финансиската поддршка од мерката за вработување и во 2018 година ја основал компанијата „Метал декор дизајн за изработка на внатрешен и надворешен ентериер, изработка на огради, натстрешници и браварски услуги.

Тој го информираше Ковачевски дека од основањето до денеска „Метал декор дизајн е во постојан развој и сега има 12 вработени (10 вработени и 2 кооперанти) и набавена опрема која овозможува ширење на листата на услуги.

Премиерот Ковачевски за Оперативниот план за вработување рече дека е еден од најуспешните проекти на Владата со кој во 2021 година се реализирани дури 94,6% од предвидените мерки и се вработени 11.292 невработени лица.

Охрабрени од резултатите на Оперативниот план за 2021 година во буџетот за оваа намена за 2022 година се обезбедени зголемени финансии, односно 1,73 милијарди денари.

– Тоа ветува дека ќе видиме реализација на уште вакви успешни бизнис иницијативи како оваа на Игор Младеновски и неговата „Метал декор дизајн“ – нагласи премиерот Ковачевски.

Поврзани содржини