ДО КРАЈОТ НА МАЈ ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ АЛИЈАНСАТА ЌЕ ОСТАНЕ ВО ВЛАДАТА Заврши средбата меѓу Мицкоски и Таравари

269

Во конструктивен дух заврши денешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари.

„Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец ќе се знае иднината за функционирањето на Алијанса на Албанците на Таравари“, брифираат од Владата.






Како што дознаваме на средбата премиерот ги потврдил веќе јавно изнесените позиции.

Мицкоски денеска пред средбата изјави дека генерално би сакал да слушне како размислува Таравари во делот на последните случувања кои се познати во јавноста.

– По мене има две опции за избор, едната опција е оваа која ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните. Што се однесува до моите лични односи со Таравари, во политиката ние комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за него, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш. Тука нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку три пати сум покажал и сум го држел зборот. Имало моменти кога можеби имало дилема во рамките на раководството на партијата. Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават – рече Мицкоски денеска пред средбата со Таравари.

Премиерот рече дека нема намера некого да моли и дека со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста, со големо мнозинство.

– Останува на него и неговите сопартијци да одлучат – порача Мицкоски,

Поврзани содржини