„ДО КАДЕ ОДИ ЛУДИЛОТО НА СДСМ?“ Некој разгорува пожари, а тие ликуваат и шират политички хаос
СДСМ не пропушта да се радува на пожарите кои горат низ државата, да се сити низ соопштенија и преку структури блиски до нив, вели пратеникот Бране Петрушевски.
СДСМ ликува на пожарите, некој постојано разгорува, а тие шират политички хаос, рече денеска пратеникот Бране Петрушевски.
– СДСМ не пропушта да се радува на пожарите кои горат низ државата, да се сити низ соопштенија и преку структури блиски до нив. И додека СДСМ и нивните апологети само чекаат момент да напаѓаат и да злоупотребуваат и природна катастрофа во политички цели, некој ги разгорува пожарите. Вчера информиравме дека на местото на пожарот кој гори во атарот на Чучер Сандево се пронајдени палети потопени во бензин, постои сомнеж дека слични подметнувања со цел разгорување се направени и на други места ширум државата – рече Петрушевски.
Фрапантно е како некој може да помисли да прави штета на природата и шумскиот фонд, а со тоа и директно да загрози човечки животи, додаде тој.
– Исто толку фрапантно е како СДСМ сето тоа не пропушта да го искористи за политичка кампања. До каде оди лудилото на СДСМ – праша пратникот Бране Петрушевски.