ДОЊЕЦКАТА РЕПУБЛИКА ПРЕЗЕМА ДЕЛ ОД УКРАИНСКИТЕ БРОДОВИ Пушилин очекува ДНР да добие своја трговска флота
Денеска 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол, бродот исплови кон (рускиот град) Ростов на Дон, напиша Пушилин на Телеграм.
Дел од цивилните бродови од украинското пристаниште во Мариупол, што е под контрола на руските сили, ќе бидат преземени од трговската флота на сепаратистичката Доњецка Народна Република (ДНР). Претседателот на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин истакна дека бродовите треба да се преименуваат и ДНР да добие сопствена трговска флота.
– Денеска 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол, бродот исплови кон (рускиот град) Ростов на Дон – напиша Пушилин на Телеграм.
Тоа е прв брод, откако руските сили го зазедоа украинскиот град Мариупол, што исплови од пристаништето.
Според украинските власти Русија го украла металот од Украина.